ВИДЕО: Реал Мадрид со пресврт ја совлада Валенсија, два гола за две минути

Во петтото коло од Ла Лига се одигра дуел на старите ривали Валенсија и Реал Мадрид.
На крајот од играта, семафорот го покажа резултатот 1:2.
Натпреварот беше одличен од самиот почеток. Двата тима во офанзивата влегоа со јасна цел, а тоа е освојување на три бода на овој дуел.
Видовме вкупно 30 обиди кон голот во играта, што доволно зборува за тоа каков беше напаѓачкиот фудбал на Местаља, а дури 12 удари беа во казнениот простор.
Валенсија прва се радуваше во 66. минута кога Дуро го совлада Куртоа и ги доведе Лилјаците во водство од 1:0.
По постигнатиот гол, обидите на Реал беа поопасни, а тоа беше крунисано во 86. минута кога Бензема го најде Винисиус како постигнува гол за 1:1.
https://streamable.com/3q5rko
Кралевите го нокаутираа домаќинот за две минути, бидејќи Бензема погоди за 1:2 во 88. минута.
https://streamable.com/ao8n2c
На овој магичен и неверојатен пресврт на Реал во финишот, Валенсија немаше одговор и три бода му припадна на Мадрид.



