ВИДЕО: Роналдо е фатен како ги обвинува соиграчите за поразот во Лион

Кристијано Роналдо и Пауло Дибала се фатени на камера како ги обвинуваат своите соиграчи од средниот ред за поразот на Јувентус од Лион во Лигата на шампионите.
Италијанскиот првак беше поразен со 1-0 во првиот натпревар од 1/8 финале од Лигата на шампионите, оставајќи сè што треба да се одлучи во возвратниот натпревар на 17 март во Торино.
„РМЦ Спорт“ објави видео од тунелот, на кое се прикажани фудбалерите на Јуве кои чекаат да се вратат на теренот за второто полувреме.
Роналдо и Дибала, несвесни дека зад нив имаше камера, разговараа еден со друг на шпански јазик.
„Ние сме оставени сами на теренот, играчите од средниот ред не ни нудат поддршка“, се пожали Роналдо.
„Никој не ја прима топката“, одговори Дибала.
„Знам, ниту втората топка, ништо“, беше реакцијата на Роналдо.
Intervallo di lione-Juve, Ronaldo: " i centrocampisti non ci danno abbastanza supporto, siamo da soli"
Dybala: "non la prende nessuno"
Ronaldo: " si anche sulle seconde palle, niente" pic.twitter.com/hmD4VlOD45— Emilio (@emi_80_te) February 29, 2020



