Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Роналдо објави видео како тренира, но сите ја гледаа само Георгина

Објавено:

Кристијано Роналдо и неговото семејство се наоѓаат во Мадеира во домашна изолација.

Роналдо пристигна во Португалија неколку дена пред да се потврди дека играч на Јувентус е заразен од коронавирус и по пристигнувањето во Португалија морал да остане во изолација со семејството две недели.

Тој сè уште е во Мадеира и ќе се врати во Торино само кога ситуацијата ќе се смири. Роналдо поголемиот дел од времето го поминува во теретана затоа што сака да биде во најдобра форма кога ќе продолжи сезоната.

Роналдо денес објави на Инстаграм уште едно видео на кое се гледа како тренер, а друштво му прави неговата симпатична девојка Георгина Родригез.

„Мојата преубава тренинг партнерка“, напиша Роналдо со видеото.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама