SportM
Фудбал

ВИДЕО: „Сантијаго Бернабеу“ одамна не беше толку полн за претставување на нов играч

Д М13 јун 2019
ВИДЕО: „Сантијаго Бернабеу“ одамна не беше толку полн за претставување на нов играч

Еден Азар успешно ги помина медицинските прегледи и се очекува да потпише договор со Реал Мадрид.

Азар пристигна пред два часа на „Сантијаго Бернабеу“, а голем број фанови го запознале пред стадионот. Азар успешно ги помина медицинските прегледи и сега официјално го потпишува договорот.

Азар ќе потпише соработка на пет години, а Челзи ќе заработи околу 150 милиони евра од неговата продажба, вклучувајќи и разни бонуси.

По потпишувањето на договорот, Азар за прв пат ќе истрча на „Сантијаго Бернабеу“ во дресот на Реал Мадрид. Шпанските медиуми објавија дека стадионот не беше толку полн на претставување на нов играч. Се очекува дека ќе има над 50.000 обожаватели кога Азар ќе излезе на теренот.

Последен пат имаше толку многу фанови на стадионот пред десет години, кога Кристијано Роналдо потпиша за Кралскиот клуб.

https://twitter.com/m4dridmilgrau/status/1139212801073975297

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.