ВИДЕО: Синот на Сетиен отиде на ранчот да ги праша кравите дали Барселона ќе ја освои Лигата на шампионите

Фудбалерите на Барселона успеаја да се пласираат во четвртфиналето од Лигата на шампионите по победата против Наполи.
Каталонскиот клуб веќе го очекува четвртфиналниот натпревар во Лисабон против Баерн во петок, а јасно е дека ова ќе биде едно од најголемите дерби во оваа рунда од најелитното клупско натпреварување во светот.
Но, пред да замине за Лисабон, синот на тренерот Кике Сетиен беше во центарот на вниманието. Имено, неговиот син Ларо отпатувал на нивниот ранч каде се знае дека Сетиен поминува многу време.
Тој на Инстаграм објави видео од себеси како ги посетува кравите на ранчот и ги праша дали Барселона ќе ја освои Лигата на шампионите.
„Тие го знаат тоа и ми рекоа дека ја освојуваме Лигата на шампионите“, рече синот на Сетиен преку Инстаграм.
https://twitter.com/barcacentre/status/1292920511773708296



