ВИДЕО: Солскјер што досега не сте го виделе

Манчестер Јунајтед синоќа го совлада лутиот ривал Манчестер Сити во реваншот за Лига Купот, но граѓаните продолжуваат понатаму.
Јунајтед славеше со 1-0, додека во првиот натпревар беше 3-1 за Сити, па фудбалерите на Пепа Гвардиола одат во финалето.
Единствениот погодок на натпреварот е дело на Немања Матиќ, а вистински хит на социјалните медиуми е реакцијата на Солскјер, која со месеци е мета на критики.
И покрај тоа што не му оди на Јунајтед, Солскјаер делува многу смирено, многу често и не станува од клупата, што е нешто за што фанови се нервираат.
Но, минатата ноќ, се чини, тој го изгуби трпението. Во 59-та минута, тој остро го критикуваше Лингард и се покажа дека е во многу поинакво светло од тоа што го гледавме порано.
Сепак, тоа не му помогна на Јунајтед да добие пласман во финалето.
Solskjaer finally had enough of Lingard 👊🇾🇪https://t.co/LqC4n3yA4x
— Paul Manc Bald and Bred (@MufcWonItAll2) January 29, 2020



