ВИДЕО: Спалети дојде на клупата на Спартак да се збогува, но не знаеше кој е главниот тренер

Фудбалерите на Наполи синоќа беа поразени на домашен терен од Спартак Москва во натпреварот од второто коло во групната фаза од Европската лига.
Наполи фантастично го отвори натпреварот и поведе во првата минута со голот на нашиот репрезентативец Елиф Елмас, но само половина час подоцна Руи доби директен црвен картон, што ја отежна работата на домашниот тим.
Спартак израмни со голот на Промес во 55. минута, а Игнатов им донесе пресврт на гостите во 80. минута. Десет минути подоцна, Промес со својот втор гол зголеми на 3:1, а конечните 2:3 ги постави Осимен.
Во центарот на вниманието по натпреварот беше тренерот на домашниот тим Лучијано Спалети, кој не знаеше кој е тренерот на Спартак.
Откако заврши натпреварот, Спалети се упати кон клупата на московскиот клуб за да се збогува со тренерот, но не беше сигурен кому да му пријде и да ја подаде раката.
Кога стигна до клупата, праша кој е тренерот, а кога му беше кажано дека тоа е Руи Виторија, му пријде и се збогува со него, но не требаше долго да помине таа сцена за да стане хит на социјалните мрежи.
https://twitter.com/i/status/1443632627530014721



