SportM
Фудбал

ВИДЕО: Тинејџерот на Челзи ја држеше средината, а стигна и тој да го „посрамоти“ играчот од средниот ред на Ливерпул

Д М4 мар 2020
ВИДЕО: Тинејџерот на Челзи ја држеше средината, а стигна и тој да го „посрамоти“ играчот од средниот ред на Ливерпул

Ливерпул сè уште не се опоравија правилно од својот пораз од Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, а во изминатите неколку дена врзаа два нови.

Ватфорд прво го разби Ливерпул во Премиер лигата и му го нанесе на машината на Клоп нивниот прв пораз, и тоа на домашен терен оваа сезона, а синоќа ги загубија и шансите да стигнат до дула домашна круна.

Имено, Челзи синоќа го нокаутираше Ливерпул во 1/8 финале во ФА Купот на „Стемфорд Бриџ“.

Избраниците на Лампард славеа со 2-0, благодарение на головите на Вилијан и Баркли. Сепак, на сите оние кои го гледаа натпреварот посебен впечаток им остави младиот играч од средниот ред на Челзи, Били Гилмур.

Тинејџерот на Челзи се најде во првите редови и целосно ја оправда довербата со оглед дека обезбеди одлична игра.

18-годишниот Шкотланѓанец делуваше како да има зад себе најмалку пет години високо искуство во фудбалот, а синоќа направи неколку маестрални потези против sвездите на Ливерпул, предизвикувајќи аплауз од трибините на „Стемфорд Бриџ“.

Особено го запомни Фабињо, кого со одличен дриблинг го посрамоти. Погледнете го видеото подолу:

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.