ВИДЕО: Турците целосно подготвени за големото Истанбулско дерби
Д М14 мар 2020

Иако фудбалските првенства се запрени низ целиот свет, сепак се игра турската Супер лига, но без присуство на навивачи.
За жал, навивачите нема да бидат ниту на големото Истанбулско дерби меѓу Галатасарај и Бешикташ утре, а Турците дадоа се од себе за да ги заштитат играчите и стручниот штаб колку што е можно повеќе.
Така, денес „Турк телеком арената“ е целосно дезинфицирана за да се намали можноста од инфекција со коронавирус, која сè уште не е голема закана во Турција.
Веќе подолго време, Турција е без потврден случај на коронавирус. Сепак, ова се промени во последните денови и пет случаи на овој вирус се пријавени во моментов.
https://streamable.com/75uvh
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



