Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Водителите разочарани од реакцијата на Меси по церемонијата на „The Best“

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси е прогласен за најдобар играч на светот во 2019 година во изборот на ФИФА.

Церемонијата „The Best“ на ФИФА се одржа синоќа во Милано, а наградата за најдобар играч на светот ја освои Меси. Фудбалерот на Барселона во ова натпреварување беше пред Вирџил ван Дајк и Кристијано Роналдо.

Но, откако церемонијата беше завршена, Меси се упати кон своето семејство бидејќи тие брзаа назад кон Барселона. Водителите на оваа церемонија се обидоа да добијат изјава од Меси, но не успеаја.

Водителката и пријде на Меси и се обиде да му постави прашање, но тој само ја помина. Персоналот што беше со Меси им објасни на водителите дека Аргентинецот брзаше и нема време да даде изјава.