Тајмаут
ВИДЕО: Ѕвездата на Леверкузен предизвика скандал, ги соблече панталоните
Виктор Бонифас постигна два гола кога Баер Леверкузен го победи Хофенхајм со 4-1 во третото коло од Бундеслигата. Нигерискиот напаѓач предизвика скандал со начинот на кој го прослави секој од своите два гола во противничкиот гол.
Бонифас ги соблече панталоните пред навивачите на Баер Леверкузен во секој од двата наврати кога го погоди голот на Хофенхајм. Ова предизвика бес и многу прашања за начинот на кој Нигериецот ја изразува својата радост.
Голгетерот на Леверкузен по мечот побрза да појасни дека е инспириран од нигерискиот инфлуенсер на TikTok кој стана многу популарен во неговата родна земја.
„Не сакам никого да провоцирам со ова. Тоа го направив само пред нашите фанови“, изјави Бонифас за Скај Германија.
„Тоа е тренд на TikTok од нигериски инфлуенсер, а тој е голем инфлуенсер“, додаде напаѓачот на Баер Леверкузен.