SportM
Фудбал

Виктор Валдес освои се што може да се освои, но тој чува само едно нешто во својот дом

Д М20 мај 2020
Виктор Валдес освои се што може да се освои, но тој чува само едно нешто во својот дом

Виктор Валдес беше член на можеби двете најдобри екипи во историјата на клупскиот и репрезентативниот фудбал – Барселона на Гвардиола и Шпанија на Дел Боске.

Иако во текот на својата 15-годишна кариера, тој освои се што може да се добие. Меѓу многуте трофеи, медали и нараквици, тој само го чува неговиот дрес во својот дом.

Дрес од финалниот натпревар од Лигата на шампиони во 2006 година, кога Барселона го совлада Арсенал со 2:1, има посебно значење за Валдес, поради што тој стои врамен во неговиот дом.

“Единствената работа што ја чувам од мојот период меѓу стативите, заедно со она што се сеќавам. Искрено сум благодарен за вашите пораки од претходните денови”, напиша 38-годишниот на Инстаграм.

Валдес никогаш нема да ја заборави таа ноќ во Париз. Тогаш тој за прв пат ја освои Лигата на шампионите, но реализира и нешто многу поважно.

https://www.instagram.com/p/CAYkwFVDDFB/?utm_source=ig_embed

„Таа ноќ добив сила да останам во Барселона уште многу години. Кој знае дали ќе траеше долго ако не беше тој натпревар. Јас ги надминав критиките“, рече Валдес.

Тој ја напушти Барселона во 2014 година по многу успешен период. Тој исто така бранеше за Манчестер Јунајтед, Стандард Лиеж и Мидлсборо.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.