Connect with us

Фудбал

Винисиус го исмева цела Шпанија: Можеби само сакал да танцува (ВИДЕО)

Винисиус повторно е во центарот на вниманието по натпреварот меѓу Шпанија и Бразил.

Луд натпревар во вторникот вечерта одиграа Шпанија и Бразил на Сантијаго Бернабеу. Се беше во тоа реми со шест гола, а по мечот во центарот на вниманието е Винисиус, кој на овој меч одигра 71 минута и со капитенската лента на раката.

Ден пред натпреварот, Винисиус се расплака на прес-конференцијата кога го прашаа за расизмот. А тоа секако може да го разбере секој со оглед на тоа што фудбалерот на Реал и Бразил повеќе од една година минува низ секојдневниот пекол на навреди и закани на расна основа.

Накратко истакна дека сака само да игра фудбал.

А потоа се степа со Ајмерик Лапорте за време на натпреварот.

Винисиус со лакт го удри шпанскиот играч во грб, тој се сврте и возврати, а целата ситуација стана вирална.

Навивачите на Шпанија ја споделуваат снимката од овој момент претежно со лут коментар „Само сака да игра фудбал“.

Се приклучи и самиот Лапорта кој го сподели видеото со коментар: „Можеби само сака да танцува“.

Advertisement