SportM
Фудбал

Винисиус: Хрватска не е лесен противник

Д М8 дек 2022
Винисиус: Хрватска не е лесен противник

По убедливата победа од 4:1 против Јужна Кореја во осминафиналето, Бразилците се полни со самодоверба и со нетрпение го очекуваат утрешниот дуел против Хрватска за место меѓу четирите најдобри селекции на Светското првенство во Катар.

Не бегаат од улогата на фаворити, но се свесни за вредноста на хрватската репрезентација. За ова зборуваше и брзоногиот ас на Селеса Винисиус Жуниор.

„Хрватска беше во финалето во 2018. Сигурно не е лесен противник. Покрај тоа, Хрватска го има и освојувачот на „Златната топка“ Лука Модриќ, а тоа додава тежина на нивната репрезентација. Она што сакаме е да го промениме сето она што ни се случуваше негативно на последните неколку светски првенства. А тоа значи дека сакаме да одиме во полуфинале“, истакнува Винисиус, една од најголемите ѕвезди на бразилската репрезентација.

Покрај натпреварот Хрватска-Бразил закажан за петок од 16 часот, во ист ден ќе играат и Холандија и Аргентина за да се пласираат во полуфиналето од 20 часот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.