Connect with us

Тајмаут

Винисиус ја потврди врската со познатата инфлуенсерка – таа му ги простила компромитирачките пораки

Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор, ѕвезда на Реал Мадрид, ја потврди својата врска со популарната инфлуенсерка и водителка Вирџинија Фонсека.

Парот ја официјализираше својата љубов со објава на Инстаграм, каде што двајцата споделија романтични фотографии со опис: „V❤️V“.

На фотографиите се гледаат тие двајца во соба украсена со балони во форма на срце, ливчиња од рози и плишани мечиња.

Да потсетиме, нивната врска накратко беше прекината откако се појавија пораки што Винисиус ѝ ги испратил на манекенката Ана Силва, во кои барал да му испрати експлицитни снимки, а и самиот ѝ испраќал такви. Поради тоа, Фонсeка одлучила да го прекине контактот.

Сепак, изгледа дека Вирџинија му простила по јавната молба на Винисиус за прошка, а сега двајцата јавно ја објавија својата врска.

Во меѓувреме, шпанскиот весник AS пишува дека Винисиус би можел да го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната 2025/26, доколку неговиот однос со тренерот Чаби Алонсо не се подобри.

Наводно, неговата реакција при замената на „Ел Класико“ против Барселона била само јавна манифестација на сè поголемото незадоволство на бразилскиот напаѓач од соработката со новиот тренер на „кралскиот клуб“. Останува да се види што ќе се случува во остатокот од сезоната.