Винисиус: Сакам да го испишам името во историјата на најголемиот клуб
Д М26 апр 2021

Младиот Бразилец Винисиус Јуниор веќе се етаблираше како еден од поважните играчи на Реал Мадрид, но не е задоволен од тоа, сака да остави подлабока трага.
– Сакам да го запишам моето име во историјата на Реал Мадрид, најголемиот тим во светот. Сите овде ме сакаат, јас сум многу добро примен и тие прават сè за да ми помогнат – рече Винисиус .
Тој ја истакна улогата на Зинедин Зидан во неговиот развој како играч.
– Секој ден учам од Зидан, тој е одличен тренер. Ми даде и голема самодоверба, научив сè што е поврзано со полето и тактиката. Сега сум сосема поинаков играч, но со истите карактеристики како порано. Сакам да продолжам да играм за Реал, постигнувајќи голови, освојувајќи титули.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



