Connect with us

Фудбал

Винисиус со овој потег ги купи навивачите на Реал за сите времиња: Грбот на клубот му е свет (ВИДЕО)

Одличниот Бразилец Винисиус Јуниор (21) одигра уште еден феноменален натпревар за Реал Мадрид.

21-годишниот фудбалер постигна два гола во победата над Валенсија со 4-1 и повторно ги воодушеви навивачите на „кралевите“.

Сепак, посебно внимание привлече еден детал од второто полувреме кога Винисиус дополнително ги купи навивачите на Реал со потег кој го направи.

Бразилскиот напаѓач не сакаше да стои на знакот на клубот и реши да го прескокне и на тој начин покажа голема почит кон грбот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ESPN FC (@espnfc)

Овој потег предизвика голем ентузијазам на социјалните мрежи, а Винисиус Јуниор полека станува вистинска ѕвезда на Реал.

Младиот фудбалер оваа сезона игра прекрасно. Настапи на 26 натпревари и постигна 14 гола и девет асистенции.