SportM
Фудбал

Вирџил Ван Дајк наскоро на теренот? (ВИДЕО)

Д М22 дек 2020
Вирџил Ван Дајк наскоро на теренот? (ВИДЕО)

Стоперот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, се здоби со страшна повреда на лигаментите нешто повеќе од два месеци откако се судри со голманот на Евертон, Џордан Пикфорд.

Првите прогнози посочија дека оваа сезона е завршена за Холанѓанецот и дека вистинското прашање е кога тој ќе може да игра повторно.

Така, на долг рок, Ливерпул остана без својот сигурен стопер и со тоа дојде до ситуација да мора да прави ротации во одбраната во текот на целата сезона за да го надополни неговото отсуство.

Видеото што го објави денес на социјалната мрежа Инстаграм им донесе трошка надеж на навивачите на „црвените“, бидејќи според него, очигледно е дека закрепнувањето тече побрзо од очекуваното.

На видеото јасно се гледа како Ван Дајк тренира во теретана и ја шутира топката, што за некои е прилично неверојатно, бидејќи тој на 17 октомври се здоби со споменатата повреда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Virgil van Dijk (@virgilvandijk)

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.