SportM
Тајм аут

Влаховиќ потпиша за Бешикташ, а во Истанбул пристигна со две гајби домати (ВИДЕО)

Редакција13 авг 2026
Влаховиќ потпиша за Бешикташ, а во Истанбул пристигна со две гајби домати (ВИДЕО)

Душан Влаховиќ и официјално е нов фудбалер на турски Бешикташ. Според информациите за тригодишен договор тој ќе добие 40 милиони евра, односно 10 милиони годишно и плус 10 милиони бонус веднаш откако ќе го стави својот потпис. Тој е веќе промовиран во новиот клуб, но на социјалните мрежи се појави интересно видео од аеродромската контрола во Истанбул. Како што информираат тамошните медиуми, Влаховиќ во Истанбул пристигнал со две гајби домати.

Што се крие зад ова?

Според турските медиуми, Влаховиќ ги донел доматите на подарок за членови на раководството на турскиот тим кои биле во Белград на преговори со него и неговиот менаџер. Таму биле на ручек, а меѓу останатото биле воодушевени од вкусот на доматите во Белград. Поради тоа Влаховиќ одлучил да им донесе две гајби.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.