Влаховиќ потпиша за Јувентус и избра „тежок“ број на грбот! (ВИДЕО)

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ вечерва и официјално потпиша за Јувентус.
Влаховиќ реши да ја напушти Фиорентина каде играше во неверојатна форма во досегашниот дел од сезоната и едноставно не можеше да ја одбие поканата од Јувентус.
Српскиот напаѓач го предизвика гневот на навивачите на Фиорентина бидејќи потпиша за најголемиот ривал, а Јувентус вечерва и официјално го потврди доаѓањето на Влаховиќ.
Старата дама за доаѓањето на овој напаѓач издвои дури 75 милиони евра, а Влаховиќ од самиот почеток на јануарскиот преоден рок сакаше да замине само во Јуве.
Иста сума пари за него ја понуди Арсенал малку порано, но тој одби и го чекаше Јувентус, кој на крајот го доби.
Јуве на официјалниот сајт го потврди доаѓањето на Влаховиќ, а интересно е што тој го облече дресот со број седум што го носеше Кристијано Роналдо во претходните сезони и нема да му биде лесно да го оправда.
𝗤𝗨𝗜, 𝗔𝗗𝗘𝗦𝗦𝗢, #𝗗𝗩𝟳! 🔥✅
— JuventusFC (@juventusfc) January 28, 2022



