SportM
Фудбал

Влаховиќ се договори со Јувентус

Д М24 јан 2022
Влаховиќ се договори со Јувентус

Душан Влаховиќ, центарфор на Фиорентина и на српската репрезентација од следната сезона ќе го носи дресот на Јувентус.

Веста дека српскиот ас договорил се со Старата дама ја пренесе Газета дело спорт. Торинскиот тим за обештетување ќе издвои околу 60 милиони евра.

Влаховиќ одамна реши да ја напушти Фиренца и во никој случај не сакаше да го продолжи договорот кој истекува во 2023 година. Затоа, Фиорентина реши да го продаде за да добие отштета.

Се зборуваше дека за Душан се заинтересирани Манчестер Сити и Арсенал, но се чини дека Влаховиќ решил да остане на Апенините и да игра за Јувентус, клуб за кој наводно сонувал да игра уште од детството.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.