SportM
Фудбал

Во Арсенал се спрема едно заминување, но не на Унаи Емери

Д М24 ное 2019
Во Арсенал се спрема едно заминување, но не на Унаи Емери

Арсенал вчера ја продолжи својата серија на лоши резултати во Премиер лигата.

Топџиите одиграа 2-2 против Саутемптон на домашен терен, иако не загубија, атмосферата околу овој клуб сè уште не е добра со оглед на тоа што пет кола немаат забележано победа.

Тренерот Унаи Емери беше на мета на некои навивачи на Арсенал кои сакаат тој да си замине, а тоа продолжи и вчера кога го покажаа своето незадоволство.

Сепак, сè уште нема индикации дека Емери наскоро ќе го напушти Лондон, но се чини дека дека се спрема уште едно заминување.

Имено, претседателот на Арсенал, Сер Чипс Кешвик, сериозно размислува да ја напушти оваа позиција во клубот.

Според „The Athletic“, Кешвик бил многу вознемирен по последниот удар на постојани напади врз управувањето и размислувал да си замине.

Тој навистина не одлучува за клучните работи што треба да се направат во лондонскиот клуб, но неколку други ја преземаат одбоворноста на себе, па затоа смета дека нема одговорност за кризата во кој падна Арсенал.

https://twitter.com/ArsenalHQ19/status/1198375765051609094

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.