SportM
Фудбал

Во Барселона не е сигурен, 5 големи клубови во трката за играчот кој Флик не го сака

SPORTM.mk5 окт 2026
Во Барселона не е сигурен, 5 големи клубови во трката за играчот кој Флик не го сака

Иднината на Жул Кунде во Барселона е доведена во прашање откако Французинот веќе го загуби местото на стартер и не ја ужива довербата на Ханси Флик како порано.

Кунде ја започна сезоната како стартер само двапати (од вкупно пет настапи) и се наоѓа во тешка ситуација, додека со месеци се шират гласини за можен замин. Флик повеќе го преферира Ерик Гарсија на десната страна, па заминувањето на Кунде не би претставувало проблем за германскиот тренер.

Ако во Барселона може да се каже дека е непожелен играч, за Французинот има голем интерес во Премиер Лигата. Спорт открива дека Челси, Арсенал, Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити се заинтересирани за францускиот бек.

Единствениот услов што го постави Барселона е понуда над 75 милиони евра.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.