SportM
Фудбал

Во Барселона скандал до скандал: Некој мудро крадеше пари!

Д М12 апр 2020
Во Барселона скандал до скандал: Некој мудро крадеше пари!

Во последниве денови владее комплетен хаос во Барселона.

Дури шест члена на одборот одлучија да го напуштат клубот, на сите им се спротивстави актуелниот претседател Бартомеу.

Сепак, скандалите не стивнуваат, а откриено е дека челниците на Барселона, предводени од претседателот, трошат големи суми на пари на услугите на ПР компанијата И3 Вентура за да ги клеветат сите што зборуваат против него.

Тој дури платил некои влијателни медиуми да пишуваат против фудбалерите на Барселона, и секој пат кога некој ќе го критикувал Бартомеу, медиумите почнувале да зборуваат против нив.

Иако Бартомеу се обиде да објасни сè на состанокот со играчите, „Спорт“ носи информации дека компанијата плаќа многу повисоки бројки за нивните услуги.

Наместо цифра помеѓу 120.000 и 150.000 евра, што е просечно трошење на ПР маркетинг, Барселона исплати 980.000 €.

Она што е уште по чудно е фактот дека бројката е исплатена во мали суми пари за да не се привлече вниманието на финансиските органи во клубот.

Очигледно, некој успеа да добие доста добри пари од клубот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.