SportM
Фудбал

Во Легија „фрчат“ откази: Разговорите со играчите се во тек

Д М3 апр 2020
Во Легија „фрчат“ откази: Разговорите со играчите се во тек

Криза поредизвикана поради пандемијата на коронавирусот не ја заобиколи ниту Полска.

Поточно, тешко е да се справи и полскиот гигант Легија. Дури 40 вработени во клубот се отпуштени од работа, преговорите сè уште се водат со играчи за намалување на платите.

Дел од вработените беа автоматски отпуштени, додека дел завршија со замрзнати договори.

Главно, станува збор за луѓе кои се вработени во маркетингот и медиумскиот дел, кои немаат работа во оваа неочекувана пауза.

Самите фудбалери се подготвени за намалување на платите, но не е постигнат конечен договор.

Се разбира, сега се бара процентот, а што ќе биде останува да видиме.

Во Полска, првенството беше прекинато во 26 коло, а лидер на табелата е Легија со 51 бодови, додека Пиаст е втор на табелата со 43 бодови.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.