Connect with us

Фудбал

Во Лондон од 2 во 1: Тотенхем со пресврт го совлада Лидс

Тотенхем на домашен терен го совлада Лидс со 2:1 во натпреварот од 12. коло на англиската Премиер лига.

Во многу добра партија Спарс со пресврт стигнаа до триумф. Лидс поведе уште во првите 45 минути, но на крајот домашниот тим славеше триумф.

Спарс не изгледаа добро во првото полувреме. Лидс беше поопасен, а наградата за подобра игра дојде кај гостите во 44. минута кога Даниел Џејмс погоди за 1:0.

Сепак, продолжението носи подобра игра за Спарс кои се движат кон пресврт.

Тие двапати ја погодија рамката од голот на домаќините, а потоа во 58. минута Хојбјерг со многу среќа погоди за 1:1.

Тотенхем поведе во 69. минута. По слободниот удар на Диеро, топката ја погоди стативата, а Регуилон се најде на вистинското место и погоди за 2:1.

Тоа беше се за денешниот натпревар. Спарс го затворија натпреварот и спасија три бода на овој меч.

Реклама

Facebook

Реклама