Во недела сите во сала, поддршка треба, влезниците пуштени во продажба македонски тим на чекор до европска титула!
E R19 мај 2025

Фото: tv21m
Управата на Алкалоид денес ги пушти во продажба билетите за реваншот со АЕК од финалето на Европскиот куп во ракомет.
Билетите за финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу екипите на РК Алкалоид и АЕК што ќе се игра на 25 мај во салата „Борис Трајковски“ во Скопје од 20:30ч. се пуштени во продажба!
Продажбата на билетите се реализира преку продажната мрежа на „МКТикетс“, а цената на билетите е 200 и 300 денари.
Актуелниот освојувач на Купот на Македонија вчера, на првиот дуел од финалната пресметка победи во Атина со 29:25.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



