SportM
Фудбал

Во Реал го сожалуваа и го нарекуваа „грдо пајче“, сега е време да платат

Д М28 мај 2022
Во Реал го сожалуваа и го нарекуваа „грдо пајче“, сега е време да платат

Има многу настани во кои играчите потфрлаат во еден клуб, па подоцна во кариерата добиваат можност да се одмаздат.

Фабио Хенрике Таварес (28) е меѓу најдобрите на својата позиција денес. Ретки се оние кои го знаат целото име, но на терен веднаш го препознаваат.

Станува збор за Фабињо, одличен дефанзивен играч за врска на Црвените кој вечерва има одлична можност да му се реваншира на Реал Мадрид каде што беше пред 10 години.

Бразилецот една сезона беше член на кралевите, настапуваше за Кастиља, а за првиот тим одигра само еден меч со асистенција. Дебитираше со Жозе Мурињо.

Кога пристигна во Реал, веднаш беше обвинет дека менаџерот Жорге Мендеш го донел таму и дека сето тоа било некаков договор.

Некои од неговите соиграчи во тоа време го исмеваа затоа што кога пристигна во големиот клуб како 19-годишник, не беше ни блиску до нивото на другите членови на Лос Бланкос, и материјално и разиграно.

„Кутриот дојде со стари копачки, се викаа Копа Мондијал, тогаш не ни постоеја“, се сеќава неговиот поранешен соиграч Томас Мехијас од времето кога играа за Реал.

„Се обидов да го забавувам со спиење и јадење во мојата куќа за да не биде сам“, додаде Мехијас, кој сега брани во Австралија.

„Грдото пајче“ од Реал постепено напредуваше и со текот на времето се претвори во вистински „лебед“ на теренот и практично е незаменлив во машинеријата на Јирген Клоп.

Тој беше клучен играч во сензационалната сезона на Монако, кој му ја однесе титулата на ПСЖ во 2017 година. Потоа постигна 12 гола и запиша шест асистенции.

„Играв и како крилен напаѓач за Бразил, но Жардим беше тој што засекогаш ја смени мојата позиција во Монако“, се присети фудбалерот пред неколку години.

И не е чудно зошто Клоп пред четири години издвои за него дури 60 милиони евра. Во меѓувреме освои се што може да се освои со црвените.

Во Париз ќе има можност да му се одмазди на Реал и по вторпат да ја освои Лигата на шампионите. Таму го чека добро познатото лице, Касемиро, со кого ја делеше позицијата во Кастиља.

Реал потоа го избра Касемир, а се ослободи од Фабињо кој вечерва сигурно ќе направи се за да покаже како тогаш Лос Бланкос направија голема грешка.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.