SportM
Фудбал

Во Реал не се плашат од казна на УЕФА: „Летниот трансфер период треба да започне“

Д М10 јун 2019
Во Реал не се плашат од казна на УЕФА: „Летниот трансфер период треба да започне“

Шпанските медиуми вчера објавија дека Реал Мадрид мора да заработи над 300 милиони евра ова лето, за да немаат проблеми со финансискиот фер плеј.

Реал Мадрид минатата недела официјално го потврди Еден Азар како нов играч на овој клуб, а со неговото доаѓање може да потроши околу 150 милиони евра, вклучувајќи разни бонуси.

Но, јасно е дека кралскиот клуб мора да продаде неколку играчи за да го реши балансот или да избегне какви било проблеми со финансискиот фер плеј.

„Марка“ вчера објави дека Реал мора да заработи над 300 милиони евра за да избегне финансиски проблем и можна казна од УЕФА.

Сепак, од Реал Мадрид утрово објавија дека не се грижат за тоа, бидејќи јасно е дека клубот не само што ќе донесе нови играчи, сигурно е дека ќе има заминувања ова лето.

„Вестите за финансискиот фер плеј се точни што се однесува на бројките, но треба да биде јасно дека тоа не е проблем. Летниот трансфер период треба допрва да започне и јасно е дека ќе има многу трансфер кога станува збор за продажба на нашите играчи”, изјавија од Реал Мадрид.

Веќе се шпекулира дека Мадрид сигурно ќе го напуштат Герет Бејл и Хамес Родригез, за кои очекуваат големи пари во Реал, а исто така може и Иско да замине. Во Реал, веруваат дека со продажба на овие играчи, ќе можат да го решат проблемот со финансискиот фер плеј.

Исто така, на трансфер пазарот се наоѓаат: Матео Ковачиќ, Дани Себаљоси и Серхио Регулион, бидејки Зинедин Зидан изјави дека не смета на нив во новата сезона.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.