Поврзи се со нас

Фудбал

Во Шпанија се убедени, „Мбапе ќе го носи дресот на Реал Мадрид“

Во Шпанија се убедени, „Мбапе ќе го носи дресот на Реал Мадрид“

Мбапе ќе игра на „Сантијаго Бернабеу“ со белиот дрес во сезоната 2021/21.

Според мадридскиот весник АС, трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид е кон финализирање.

Лос Бланкос е причина што sвездата на ПСЖ во 3 наврати го одби продолжувањето на договорот кој истекува летото 2022 година со шампионот на Франција.

Се пренесува дека Мбапе постигнал договор во лична смисла со шпанскиот шампион и очекува само Реал да го склучи договорот со ПСЖ за трансфер на играчот во Франција.

Со оглед на фактот дека следното лето, Мбапе ќе има само едногодишен договор со ПСЖ, трансферот ќе се реализира за прифатлива бројка од 180 милиони евра.

Мбапе досега има забележано 132 настапи со Париз, постигнувајќи 97 гола.

loading...

Facebook