SportM
Други

Волф алармира во Мерцедес: Изгубивме 100 поени, требаше да ги добиеме сите трки

SPORTM.mk14 авг 2026
Волф алармира во Мерцедес: Изгубивме 100 поени, требаше да ги добиеме сите трки

Италијанскиот пилот Кими Антонели е лидер на светскиот шампионат за пилоти во Формула 1 до средината на сезоната, но ниту тој, ниту Мерцедес не можат да бидат спокојни. Ферари и Мекларен се приближија, освојувајќи три победи во последните 5 трки.

Раководителите на германскиот тим ги оставија пилотите да се дуелираат за победата, но мораат да го избегнат грешката од Барселона, кога дуелот меѓу Антонели и Џорџ Расел му помогна на Луис Хамилтон да триумфира.

Дополнително, друг проблем беше доверливоста. Ова останува приоритет за втората половина од сезоната, за да може Мерцедес да го максимизира вкупното собирање на поени со обата пилоти.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, зборувајќи за медиумите, објасни: „Можевме да ги освоиме сите 10 трки, но тоа не се случи поради проблемите со доверливоста и начинот на кој ги управувавме двете трки на нашите пилоти.

„Мислам дека најважно за нас се тие 100 поени што ги оставивме на маса. Тоа се чувствува како изгубена можност. Ако бевме успешни, ќе се најдевме во посилна позиција на шампионатот. Ова треба да биде целта по летните одмори“, рече Волф.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.