Возачот во Формула 1, ја запроси својата девојка со прстен кој вреди 900.000 евра!

Британскиот возач во Формула 1, Џорџ Расел, ја запроси својата долгогодишна девојка Кармен, а германски „Билд“ откри интересни детали за вереничкиот прстен.
Ѕвездата на Мерцедес за овој свечен момент избрала поглед кон морето, свеќи, бело цвеќе и зајдисонце.
Потоа следувал големиот момент за двајцата – запросувањето и судбоносното „да“. Сè било откриено со фотографија на социјалните мрежи на која во прв план се гледа вереничкиот прстен.
Спектакуларниот жолт дијамант е со овален брилијантен рез и тежи од осум до десет карати. Од двете страни е опкружен со два бели дијаманти. Експертите ја проценуваат неговата вредност на приближно 900.000 евра.
ВО ВРСКА СЕ ШЕСТ ГОДИНИ
Џорџ Расел ја запроси долгогодишната партнерка Кармен Монтеро Мундт: На нејзината рака блесна дијамантскиот прстен.
Расел и Кармен се во врска од 2020 година, откако заеднички пријатели ги запознале во Лондон. Кармен низ годините стана познато лице во падокот на Формула 1, каде често го следи Расел на трките ширум светот.
Кармен е родена во Шпанија, а во Велика Британија се преселила кога имала 18 години. На Универзитетот Вестминстер завршила студии по деловен менаџмент и финансии, по што работела во финансискиот сектор.
Покрај тоа, таа е коосновач на брендот за нега на кожа „Barriers“, кој го основала заедно со Оскар Валс Бартоломе.
Иако се едни од попознатите парови во светот на Формула 1, Расел и Кармен својот приватен живот главно го држат подалеку од јавноста. Британскиот возач ретко зборува јавно за врската, но во разговор за „Times“ во јуни годинава откри колку Кармен му значи, особено поради притисокот што го носи неговата кариера.



