Враќање на патеките на гордоста и славата: Милан стигна до прагот на првата титула од 2011 година!

Во натпреварот од 37. коло во италијанската Серија А, Милан со 2-0 ја победи Аталанта и со тоа дојде на чекор до нова титула.
Милан последен пат го освои Скудетото во 2011 година, но сега е многу блиску по долги години повторно да стане шампион на Италија.
На „росонерите“ за титулата им беа потребни најмалку четири бода во последните две кола, а по победата над Аталанта им останува само уште еден бод за освојување на гостувањето кај Сасуоло за да го започнат славјето. Не е исклучено и порано славје, доколку градскиот ривал Интер вечерва не го победи Каљари на гости.
Како и на многу натпревари оваа сезона, Милан не беше премногу брилијантен, но повторно беше премногу силен, храбар и карактеристичен за да дојде до триумф.
Гостите од Бергамо не беа премногу опасни кон голот на Мајњан, додека Милан успеа да реализира две од малкуте шанси.
Моментот на одлука се случи во 56. минута. Резервистот Месијас, кој влезе во почетокот на вториот дел, испрати одлична топка, Рафаел Леао му побегна на голманот и на крајот погоди за 1-0.
https://twitter.com/anthofianso/status/1525893796499705856?
Милан продолжи да игра трпеливо чекајќи нова шанса да го победи ривалот, а тоа се случи во 75. минута. Тео Ернандез направи неверојатен пробив пред голот на гостите од Бергамо и погоди за 2:0 со што му го трасираше патот на Милан до титулата.
Токму стрелците Леао и Ернандез се клучните играчи на Милан на овој пат до титулата, иако евидентно е дека тимскиот дух е она што ги красеше Росонерите во изминатите две сезони.
Да сумираме, Милан е на плус пет од Интер, кој вечерва гостува кај Каљари. Доколку Интер не победи, славјето ќе започне во црвено-црниот дел на Милано, а втората меч топка би можела да биде во Сасуоло следниот викенд.
Paolo Maldini ve Alessandro Nesta, Rafael Leao'nun golünün ardından böyle sevindi. #MilanAtalanta
— Trequartista (@Trequartista33) May 15, 2022



