За Јовиќ, сите бродови потонаа: Можеби е најдобро да замине од Мадрид
Д М8 дек 2020

Лука Јовиќ навистина нема среќа во Мадрид.
Српскиот напаѓач се опорави од коронавирусот и се врати на теренот, но сега го чека нова пауза.
Имено, Јовиќ е повреден, на препоните на десната нога. Тој ќе отсуствува минимум две недели.
Оваа информација е потврдена од Реал Мадрид.
Токму кога се чинеше дека ќе игра за Мадрид по одличните игри во српската репрезентација, Јовиќ доживеа уште една несреќа.
Колку ова ќе влијае на неговата судбина во Мадрид, останува да видиме. Да потсетиме, Кралевите му платија 60 милиони евра на Ајнтрахт Франкфурт.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



