Connect with us

Фудбал

За Јувентус и Суарез, четврток е денот „Д“

Јувентус треба да го реши прашањето за главниот напаѓач за следната недела до крајот на оваа недела, пишува Тутоспорт.

Италијанскиот шампион веќе неколку недели е во потрага по напаѓачот. Приоритет е Луис Суарез, но во списокот со желби се Един Џеко и Аркадиуш Милик.

Саурез е на излезната врата од Барселона, но бидејќи „бјанконерите“ ги пополнија местата за странците, Уругваецот треба да добие италијански пасош пред трансферот.

Тутоспорт пишува дека во четврток ќе биде денот „Д“ за Јувентус, бидејќи уругвајскиот напаѓач тој ден ќе полага испит за италијански јазик во Перуџа.

loading...

Доколку го задоволи Суарез, ќе може да добие италијански пасош и повеќе нема да има пречки за неговото пристигнување во Торино.

И во Јувентус тие почнуваат да бидат нетрпеливи затоа што стартот на новата сезона е се поблизу, а Андреа Пирло сè уште нема на располагање напаѓачи од светска класа.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com