SportM
Други

За кого Ѓоковиќ „свиреше виолина“ на теренот при прославата на првата сезонска победа?! (ВИДЕО)

Редакција31 дек 2024
За кого Ѓоковиќ „свиреше виолина“ на теренот при прославата на првата сезонска победа?! (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на одличен начин ја започна новата сезона со победа во Бризбејн, а вниманието на навивачите го привлече неговото славје по дуелот со Ринки Хиџиката.

Во осминафиналето на АТП турнирот 250 во Бризбејн, Ѓоковиќ го надигра локалниот претставник и 73. играч во светот Ринки Хиџиката со резултат 2:0, по сетови 6:3 и 6:3. Откако ја запечати судбината на Австралиецот со втор брејк во вториот сет, Ѓоковиќ славеше „свирејќи на виолина“, што во последно време е релативно вообичаен начин за славење на достигнувањата на теренот. Како што објасни, тоа е прослава која ја посветува на својата ќерка Тара, која почнала активно да свири на овој инструмент.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.