SportM
Фудбал

За Нејмар нема место кај Анчелоти, тој вели: Тажен сум!

E R17 мар 2026
За Нејмар нема место кај Анчелоти, тој вели: Тажен сум!

Фудбалерот на Сантос, Нејмар, е разочаран поради неговото изоставување од репрезентацијата на Бразил за пријателските натпревари против Франција и Хрватска.

-Разочаран сум и тажен што не добив повик за настап во националниот тим. Но мојот фокус останува на репрезентацијата. Ќе ја постигнам мојата цел. Сонот продолжува, изјави Нејмар за „OneFootball“.

Анчелоти не го повика 34-годишниот за претстојните натпревари за репрезентацијата. Најдобриот стрелец на сите времиња во Бразил повторно е изоставен од составот. Анчелоти изјави дека братата на Нејмар во националниот дрес му е отворена, но кога ќе биде 100 проценти здрав, што во моментов не е таков случајот.

Нејмар постигна 79 гола и има 59 асистенции на 128 натпревари за „Кариоките“. Последен пат играше за бразилската репрезентација во октомври 2023 година.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.