SportM
Фудбал

За статистиката на Ерлинг Халанд против Борнмаут ќе се зборува уште долго

Д М13 авг 2022
За статистиката на Ерлинг Халанд против Борнмаут ќе се зборува уште долго

Ерлинг Халанд денеска учествуваше во победата на Манчестер Сити против Бурнмаут.

Норвешкиот напаѓач не постигна гол во триумфот од 4-0, но асистираше за првиот гол на Илкај Гундоган.

Многумина се прашуваа дали Халанд ќе се вклопи во филозофијата на играта на Пеп Гвардиола, кој во минатото често играше без класичен напаѓач.

Халанд како големо засилување и стрелец мора да игра, но дека одличниот напаѓач не се вклопил на вистински начин докажува и статистиката од натпреварот против Борнмаут.

Така, за 74 одиграни минути 22-годишниот фудбалер комплетираше само две додавања. Ниту еден играч во ерата на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити немаше помалку додавања.

Сепак, и тоа едно завршено додавање беше доволно за норвешкиот напаѓач да забележи асистенција на денешниот натпревар и тоа секако е многу добра работа.

Секако интересно е што второто успешно додавање беше на самиот старт од натпреварот кога го изведе ударот.

На денешниот натпревар Манчестер Сити беше доминантен од првата минута, а прашањето на победникот го реши во 37 минута.

Гундоган погоди за 1:0 во 19. минута, а потоа на сцена стапи брилијантниот Белгиец Кевин де Брујн.

Најпрво во 31. минута играчот од средниот ред на Сити направи се сам и ја погоди надворешната страна од мрежата на Бурнмаут, а потоа шест минути подоцна му ја сервираше топката на Фил Фоден, кој погоди за 3:0.

Крајот на овој натпревар беше ставен во 79. минута кога играчот на Бурнемаут Лерма си постигна автогол за конечни 4:0.

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.