Connect with us

Фудбал

Заборавената ѕвезда се враќа на големата сцена

Хатем Бен Арфа е еден од фудбалерите кои поради своите „бубачки“ не ја остварија кариерата за која се предвидуваа.

34-годишниот фудбалер во текот на кариерата играше за Лион, Марсеј, ПСЖ, Њукасл, а неговиот последен ангажман заврши минатото лето во Бордо.

Неговиот квалитет никогаш не беше доведен во прашање, па доби уште една шанса да се покаже на големата сцена.

Бен Арфа ги договорил условите од договорот со францускиот шампион Лил и наскоро би требало да стане член на овој тим.

На тој начин искусниот фудбалер ќе има уште една шанса да покаже што знае, а нема сомнеж дека можеше да има многу поголема кариера доколку немаше имиџ на лошо момче.

Хатем и за француската репрезентација играше 15 пати и постигна два гола.

Реклама

Facebook

Реклама