Поврзи се со нас

Фудбал

Заборавениот Александар Пато се враќа во Италија по седум години

Бразилскиот напаѓач Александар Пато во моментов е без клуб, откако неодамна му истече договорот со Сао Паоло.

Пато се врати во Сао Паоло пред повеќе од една година, откако помина две сезони во кинескиот ТЈ Куанџијан. Тој не се согласи да ја продолжи соработката со Сао Паоло, па повеќе од еден месец е без договор.

Сепак, овој 31-годишен напаѓач наскоро треба да најде нов клуб и како што стојат работите ќе го видиме повторно во Серија А. Познато е дека Пато некогаш го носеше дресот на Милан каде ги даваше најдобрите игри, а од „Сан Сиро“ си замина пред седум години кога се врати во Бразил.

Сепак, медиумите на Апенините пишуваат дека Пато повторно сака да игра во Серија А, и дека на маса има неколку интересни понуди. Тој веќе е во преговори со Џенова, која му понуди на Пато она што го бараше, а се очекува кариерата да ја продолжи во овој клуб.

Исто така, интерес за него покажаа Специја и Монца, но тешко дека Пато ќе избере некој од овие клубови. Тој играше во Милано шест години и на 117 натпревари успеа да постигне 51 гол.

Од Пато некогаш се очекуваше одлична кариера кога потпиша за Милан како тинејџер во 2007 година, но многумина велат дека не го постигнал очекуваното од него.

Advertisement

Facebook

Реклама