Замената на Роналдо проработи, Јуве води против Специја (ВИДЕО)
Д М22 сеп 2021

Мојз Кин го постигна својот прв гол по враќањето во Јувентус.
Кин дојде во Јувентус како замена за Кристијано Роналдо, кој се врати во Манчестер Јунајтед.
Кин не успеа да направи некое значајно влијание во првите два натпревари против Наполи и Милан, но вечерва против Специја постигна убав гол за водство на својот тим.
Во 28. минута со одличен и прецизен удар го совлада голманот на домашниот тим Зоета.
Јувентус освои само два бода во првите четири кола и вечерва им треба победа на гостувањето кај Специја.
https://streamable.com/36okjk
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



