Connect with us

Фудбал

Започна да собира 900 милиони евра за Меси и неговите плати, а досега собра – 424 евра!

Лионел Меси има договор за откуп од 700 милиони евра во неговиот договор со Барселона, но јасно е дека ниту еден клуб нема пари да го плати овој надоместок.

Меси го најави заминувањето од Барселона, но не ја искористи клаузулата од договорот според кој може да оди бесплатно на крајот на сезоната. Единствениот начин да замине ова лето е некој да плати 700 милиони евра.

Навивач на Штутгарт започна со собирање средства преку Интернет за да го доведе Аргентинецот во Бундес-лигата.

Неговата цел е да собере 900 милиони евра за клубот да може да плати обештетување во висина од 700 милиони, а остатокот ќе му биде исплатен на Меси за неговите плати.

loading...

Досега се собрани 424 евра, па откупот на Меси изгледа како навистина невозможна мисија.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com