Започна летното трансфер лудило: ПСЖ го потпиша првото засилување

Францускиот шампион ПСЖ денеска потврди дека Нуно Мендеш и официјално стана играч на овој клуб.
Во сезоната 2021-2022, Нуно Мендеш играше како позајмен во ПСЖ. Левиот бек настапи на 37 натпревари и забележа две асистенции.
Сега ПСЖ ја активираше конечната откупна клаузула, а Португалецот од Спортинг Лисабон ќе премине во трансфер вреден 40 милиони евра.
Нуно Мендеш потпиша договор со ПСЖ со важност до 30 јуни 2026 година, соопштија од францускиот шампион.
✍️❤️💙
Paris Saint-Germain has completed the permanent transfer of @nunomendes_25.
The Portugal left-back has signed a contract with the club until 30 June 2026.https://t.co/2zJUbA5I2v
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) May 31, 2022
Да потсетиме, Нуно Мендеш беше прогласен за најдобар лев бек на Лига 1 во неодамна завршената сезона. Покрај тоа, Португалецот беше номиниран за титулата најдобар млад играч во Лига 1 за претходната сезона.
Како лев бек, Нуно Мендеш ќе се соочи со Французинот од ПСЖ, Лајвин Курзава и со Шпанецот Хуан Бернат.
Мендеш има 13 настапи за португалската репрезентација, а Трансфермаркт неговата вредност ја проценува на само 40 милиони евра.
Денеска, да потсетиме, беше потврден уште еден голем трансфер во кој Иван Перишиќ како слободен играч премина од Интер во Тотенхем.



