Заврши годината за Елиф Елмас!
E R19 ное 2024

Фото: tv21m
Повредата на Елиф Елмас е посериозна отколку што се мислеше. Како што е познато тој се повреди на мечот со Летонија поради што мораше да ја напушти играта во 24-та минута и не беше во составот против Фарски Острови. Со дополнителните прегледи било утврдено дека станува збор за кинење на мускулните влакна, па поради тоа до крајот на годината, односно паузата во Германија нема да игра.
Според првичните прогнози рехабилитацијата би била од 6 до 7 недели. Инаку, во Германија поради католичкиот Божик паузата почнува на 22 декември и трае до средината на јануари.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



