Зборовите на Хари Кејн јасно покажуваат со кого би сакал да игра следната сезона

Хари Кејн има желба да го напушти Тотенхем на крајот од оваа сезона.
Во интервју за англиските медиуми, одличниот напаѓач потврди дека сака да го напушти клубот и дека за тоа ќе разговара со првиот човек на Спарс, Даниел Леви.
“Ќе разговараме, тоа е сигурно. Се надевам дека по 16 години имаме добри односи и дека можеме искрено да разговараме за сè”, рече Кејн и продолжи:
“Сакам да играм во Лигата на шампионите. Сакам да бидам дел од големите натпревари. Никогаш не реков дека ќе останам засекогаш во Спарс, но не реков дека ќе заминам. Исто така, не сакам да жалам за што било на крајот од мојата кариера“.
Манчестер Сити е еден од клубовите кои би сакале да го гледаат Кејн во своите редови. Тој не крие дека би сакал да игра со Кевин де Бруин.
“Кевин Де Брујн е навистина посебен фудбалер. Искрено, кога ќе ги видам топките што им ги дава на играчите на Сити, тие се сон на секој напаѓач. Прекрасен играч со најдобро чувство за асистенција што сум го видел”, истакна Кејн.
Челзи исто така беше поврзуван со 27-годишниот напаѓач. Наводно, Сините се подготвени да понудат голема размена, но раководството на Спарс нема намера да прави бизнис со голем ривал.
Доколку го напушти клубот, Кејн скоро сигурно може да заврши во Манчестер Сити кој е во потрага по напаѓач кој ќе го замени Серхио Агуеро.
Одличниот напаѓач одигра 334 натпревари за Спарс и постигна феноменални 220 гола.



