„Жал ми е што не го послушав докторот, скоро не можев да одам месец и половина“

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ги откри последиците од инфекцијата со коронавирус.
Тој се заразил на почетокот на годината и ги почувствувал долгорочните последици.
“Тоа ме погоди силно и остави трага на мене. Особено на моите бели дробови”, изјави Меси во Лондон во средата пред финалето на натпреварот против Италија, додавајќи:
„Не успеав да тренирам, се вратив во Париз и околу месец и половина скоро не можев ни да одам правилно.
Долгогодишниот играч на Барселона жали што прерано се врати на теренот по инфекцијата. Во овој случај, тој не ги следеше препораките на лекарот:
„Сакав да трчам, да тренирам и да продолжам. Но, се заврши уште полошо“.
Заразата дојде за време на неговата прва сезона во ПСЖ, во која не ги исполни високите очекувања и постигна само 11 гола на 34 натпревари.
Седумкратниот освојувач на Златната топка има договор со ПСЖ до крајот на следната сезона, а веќе се споменува неговото враќање во Барселона, како и неговото заминување во МЛС, поточно во тимот на Интер Мајами.
Да потсетиме, Меси неодамна откри дека плачел во Париз.
„Во Париз, кога навивачите ме исвиркаа, си помислив: „Што ќе мислат моите деца?“ Меси додаде:
„Првиот ден кога децата тргнаа на училиште, плачевме заедно со жена ми. Помисливме: „Што правиме овде? Што ни се случи „Тоа беше голема промена и тешка година“.
„Кога си цел живот на едно место, особено на мои години, не е воопшто лесно“, заклучи Меси.



