Connect with us

Фудбал

„Жалам што не играв за Мурињо, тој ќе ме направеше подобар“

Стивен Џерард гостуваше во подкастот „Five“ на Рио Фердинанд, а една од поинтересните приказни раскажана во оваа емисија е за Жозе Мурињо. Џерард вели дека жали што Мурињо никогаш не бил негов тренер.

„Го сакам како менаџер и како личност. Имавме „врска на далечина“ со години. Но, жалам што не играм за него. И како личност и како тренер. Мислам дека тоа би ме направило подобар играч. И знам дека ќе додадеше неколку трофеи на мојата „сметка““, рече Џерард во подкастот на Фердинанд.

По таа „ноќ во Истанбул“ и победата на Ливерпул во Лигата на шампионите во 2005 година, многу се зборуваше дека Џерард би можел да биде токму она што го сака Мурињо во својот тим и во средниот ред на Челзи, на кој тогаш беше менаџер. Но, тоа никогаш не се случи.

„Но, гледајќи наназад од оваа перспектива, не жалам што не потпишав за Челзи, воопшто не жалам поради тоа. Среќен сум со одлуките што ги донесов“, додаде Џерард.

„Мојата врска со Ливерпул, со клубот од мојот роден град, можеби немаше да донесе толку голем успех низ годините. Освојувањето на трофејот ми беше важно, но за него се важни и сеќавањата и она што тие ми значат. Фактот што освоив четири или пет трофеи со Ливерпул ми значи повеќе отколку ако освоив десет или 11 со Челзи“, вели Џерард.

„Она што ме задржа во Ливерпул, кога бев во ситуација да одлучувам дали да заминам или да останам, беше фактот дека кога победував за Ливерпул можев да го споделам тоа со моите блиски луѓе. Знам дека нема многу луѓе кои ќе го разберат тоа“, заклучи легендарниот капитен на тимот од „Енфилд“.