SportM
Фудбал

Жерар Пике: Гвардиола ме казни бидејќи ми се слоши на Нова година

Д М2 апр 2023
Жерар Пике: Гвардиола ме казни бидејќи ми се слоши на Нова година

Поранешниот капитен на Барселона, Жерар Пике сподели детали од врската со Хосеп Гвардиола кога тренерот беше на чело на каталонскиот тим. Шпанецот кој не одамна ја заврши кариерата раскажа интересна случка поврзана со него и актуелниот менаџер на Манчестер Сити.

Пике во едно интервју раскажа како Гвардиола го казнил затоа што се разболел за време на неговиот новогодишен одмор.

„Со Џозеп имавме одлични односи, но последната година од нашата работа имаше тензија во комуникацијата. За време на новогодишната прослава ми се слоши, поради што Жозеп реши да ме остави дома и не ме однесе на натпревар“, сподели поранешниот дефанзивец.

Тој рече дека тренерот го казнил со 12.000 евра и го принудил да организира вечера за соиграчите во Барселона.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.