Connect with us

Фудбал

Жестока борба во која не се бираа средства: Незаборавен момент од лудилото на Франк Рибери! (ВИДЕО)

Франк Рибери е миленик на многу фудбалски фанови поради неговата потресна животна приказна, но често правеше и скандали.

Последниот, можеби и најголемиот досега, Рибери го направи за време на натпреварот Салернитана – Каљари по голот на неговиот тим.

По водечкиот гол, фудбалерите на Салернитана го прославија голот кај првотимците, кои се загреваа кога настана хаос.

Напаѓачот на Каљари се обиде да ја побара правдата од некои играчи на Салернитана кога на него налета Рибери и дојде до жестока тепачка.

Французинот прво почна да го удира, а потоа го повлече на дното и тепачката продолжи зад клупата. Интересно е што овие снимки не беа прикажани на телевизија.

Рибери очекувано мина со црвен картон и сигурно го чекаат неколку натпревари суспензија, па оваа сезона за него е веќе завршена.

„Преживувањето на лигата за мене би било како освојување на трофеј“, рече Рибери пред неколку недели, кој очигледно нема да може да им помогне на своите соиграчи во клучните натпревари.

Салернитана многумина ја гледаат во Серија Б, но благодарение на одличните резултати клубот од Салерно избега од опасната зона. Во последните две кола на страна ќе играат против Емполи, а на својот стадион против Удинезе.

Реклама

Facebook