SportM
Фудбал

Жезус успешно опериран

Д М6 дек 2022
Жезус успешно опериран

Габриел Жесус беше успешно опериран во вторникот, соопшти Арсенал.

Операцијата на десното колено по повредата заработена на Мундијалот помина според планираното.

„Габи сега ќе започне со рехабилитација и опоравување според конкретна програма. Сите во клубот го поддржуваат и ќе работат напорно за да му помогнат што побрзо да се врати на терените“, соопштија од клубот.

Во медиумите се појавија информации дека првата ѕвезда на Арсенал оваа сезона ќе биде надвор од терените до четири месеци.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.